Westfra Global GmbH  View Gallery

Ние сме интернационална компанија со седиште во Франкфурт на Мајна и претставуваме мост помеѓу нашите западноевропски налогодавачи и производителите во Македонија. Од пласманот на налозите во нашите фабрики, го следиме и контролираме производството на лице место и ги вршиме сите царинско-технички формалности за реализација на истите.

Поседуваме сопствена фабрика за женска модна конфекција, Окитекс АД, а за заокружување на нашата производствена палета имаме неколку одбрани партнер фабрики. Следењето на налозите во Германија се врши преку Westfra Global GmbH, а во Македонија преку нашата продолжена рака, нашето извозно одделение Okitex Group. Преку нашето седиште во Германија ние сме достаппни во секое време за нашите купувачи, а со тоа сме и одлични познавачи на западноевропските стандарди, пазари и производи. Ја познаваме различноста на менталитетите и начини на работа помеѓу клиентот и производителот, и ги поврзуваме на начин кој создава успешна и долгорочна соработка и партнерство.

Нашата производна палета опфаќа висококвалитетна женска конфекција, сукњи, панталони, фустани, женски блузи и машки кошули. И на полето на Corporate Wear соработуваме со многу добри фабрики, кај кои налозите се во добри раце. Поволното ниво на цени, релативно кратките транспортни релации, како и нашите одлични познавања на македонскиот јазик и традиција, претставуваат добитна комбинација за успешна соработка.

Нашата заложба е трајна и долгорочна соработка со нашите клиенти. Нашите референци зборуваат самите за себе, но и покрај големината на марките ние сме и долгогодишни пријатели.
Ние сме хумана и општествено одговорна компанија, која во својот интернационален развој своите вработени ги цени како најголемо богатство.